Новиот ѕвер Realme 10s излегува со 12GB + 256GB меморија

Објавено на 16.12.2022 во Новости



Новиот ѕвер Realme 10s излегува со 12GB + 256GB меморија

Realme 10s ќе биде петтиот член во семејството после 10 4G, 5G, Pro и Pro+. Денеска Realme официјално го открива новиот модел со многу добри перформанси кај батеријата, а ќе го има и во верзија со 256GB внатрешна меморија. Се очекува двојна задна камера со LED блиц, Matrix AI Camera, со интересен дизајн и прифатлива цена.

Realme 10s ќе биде со 6.58” инчен LCD дисплеј, странично поставен сензор за отпечатоци на прсти и неименуван 8 јадрен процесор. Ќе биде со 12GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Батеријата ќе биде со 4,880mAh капацитет, со можност за брзо полнење до 33W.