Apple овозможува брзо повикување на полиција со новата надградба

Објавено на 28.07.2017 во iOs



Apple овозможува брзо повикување на полиција со новата надградба

Apple патентирала систем со кој корисниците на iPhone во итни случаи ќе може да повикаат полиција со отпечаток на прсти или други итни служби. Компанијата од Купертин вели дека оваа опција ќе ни помогне кога вообичаените методи за повикување на ни се достапни.

Со претходните ажурирања Apple им овозможи на корисниците да повикаат полиција преку заклучен дисплеј на iOS, но новиот начин е уште подобар ако напаѓачот ве гледа. Корисникот ќе може да го програмира уредот така што ќе препознае влез на отпечатоци од прсти или одредена комбинација, на пример показалец-палец-показалец, што би значело дека корисникот е во опасност и автоматски се известува полицијата. Веднаш и пристигнуваат податоци за вашата локација на полицијата, а истовремено се вклучува и аудио-видео запис од вашиот iPhone. Што велите на ова?





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}