Samsung отвара нова ера во преклопниот пазар во 2023г.

Објавено на 19.12.2022 во Преклопни уреди



Samsung отвара нова ера во преклопниот пазар во 2023г.

Според The Elec следната година Samsung планира да произведе нешто ново во преклопната технологија. Компанијата ќе понуди преклопен лаптоп со 17.3-инчен OLED панел, кој ќе се преклопи во 13.3-инчен дисплеј. Наводно, овој лаптоп требало да излезе оваа година, но бил одложен од непознати причини.

Samsung ќе се натпреварува на пазарот на преклопни лаптопи со својот 17.3-инчен екран, додека Asus го има својот Asus ZenBook 17 Fold, кој што се преклопува од 17 на 12.6 инчи и чини 3,500 долари. Asus нарачал само 10,000 вакви панели за оваа година, што значи дека продажбата е се уште слаба во овој сегмент. 

HP исто така работи на преклопен лаптоп со LG преклопен екран, кој исто така нарачал само 10,000 преклопни OLED панели од LG. Omdia прогнозира дека 4% од екраните за лаптопи следната година ќе бидат OLED и мал дел од нив ќе бидат преклопни. Samsung се очекува да произведен 8.5 милиони OLED лаптоп дисплеи следната година, во споредба со овогодинешните 5.9 милиони панели. Тоа е еднакво на зголемување од 44%.