Протечените Samsung Galaxy S23 футроли го потврдуваат новиот дизајн

Објавено на 21.12.2022 во Новости



Протечените Samsung Galaxy S23 футроли го потврдуваат новиот дизајн

Има веќе премногу информации и возбуда за пристигнувањето на Galaxy S23 серијата на Samsung. Новите слики со футролите од Galaxy S23 серијата протекоа на MobileFun веб страницата, потврдувајќи ја промената во дизајнот на телефоните.

Се разбира, главната промена е дека Samsung го отфрла претходниот остров на задната камера, што се појавило на рамката на телефонот, со цел да креираат правоаголна форма околу трите сензори на Galaxy S22 и S22+. Наместо тоа, новите Galaxy S23 и Galaxy S23+ ќе имаат посебни испакнати сензори на задниот панел на телефонот, минус островот што го имаше претходно.