Samsung: Рекламна порака дека кај iPhone корисниците нема ништо возбудливо

Објавено на 22.12.2022 во Новости



Samsung: Рекламна порака дека кај iPhone корисниците нема ништо возбудливо

Samsung со своите реклами сака да им демонстрира на корисниците дека нема ништо возбудливо за Apple. Објави нова реклама со порака за сите iPhone корисници, дека нема ништо иновативно во iPhone, затоа што тука веќе го имаме преклопниот Galaxy Z Flip 4.

На рекламата има момче што седи на ограда и размислува на која страна да премине. Се разбира, младиот човек преминува на возбудливата страна. Време е да ја напуштите оградата и да купите Samsung Galaxy Flip 4, погледнете ја рекламата одозгора, навистина е интересна.