OnePlus 11 е закажан за лансирање на 7 февруари

Објавено на 23.12.2022 во Новости



OnePlus 11 е закажан за лансирање на 7 февруари

OnePlus официјално го најави Cloud 11 настанот на својата веб страница, за 7 февруари, 2023 година. Тогаш излегува новиот модел OnePlus 11. Новиот Android предводник пристигнува со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, со подобрена камера и дизајнот, кој што сега е кружен. 

Мотото на настанот е „Witness the Shape of Power“, со Hasselblad брендот за камерата. OnePlus најверојатно ќе ги открие слушалките OnePlus Buds Pro 2, новата верзија на безжичните слушалки од 2021 година. Двата уреда ќе бидат глобално достапни и ќе бидат достапни за продажба на крајот на февруари, 2023.