Meta прифати спогодба од 725 милиони долари за Cambridge Analytica скандалот

Објавено на 24.12.2022 во Новости



Meta прифати спогодба од 725 милиони долари за Cambridge Analytica скандалот

Facebook доброволно плаќа казна затоа што дозволи на британската консултантска компанија Cambridge Analytica да пристапи кон лични податоци на 87 милиони корисници. Адвокатите на обвинителот предложиле спогодба да се обесштетат од 250 до 280 милиони корисници на мрежата.

Адвокатите побарале хонорар од 25% од спогодбата, што би биле околу 180 милиони долари. Meta не признава дека направила нешто погрешно, што е дел од спогодбата што мора да ја одобри сојузниот судија во Сан Франциско. Компанијата изјавила само дека спогодбата е во најдобар интерес на нивната заедница и акционерите.