Volvo нема да воведува дополнителна претплата за грејачи на седиштата
Објавено на 26.12.2022 во Електричен погон
Автомобилските компании размислуваат за воведување на претплата за одредени опции, како што се: грејачи на седишта и подобро забрзување, што се наплатува во BMW и Mercedes. Volvo неодамна потврди дека воведувањето на претплатнички опции во автомобилите е контра-продуктивно.
Од Volvo велат дека ако компаниите веќе наплаќаат софтверска надградба, тоа мора да биде во полза на корисникот. Нема смисла ако некој плати 100 илјади долари за автомобил, дополнително да плаќа и некои опции како што се грејачите на седиштата. Volvo тврди дека може да наплаќа за дополнителни услуги, но на пример, тоа да биде за автономно возење, а не за ситни софтверски надградби.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.