Специјална понуда со која вашите омилени уреди ќе ве пречекаат под елката

Објавено на 26.12.2022 во Новости



Специјална понуда со која вашите омилени уреди ќе ве пречекаат под елката

Пред нас е периодот на празници и подароци, за многумина омилениот дел од годината.
Како по правило, ова е времето кое го поминуваме опкружени со нашите најблиски и ја
сумираме изминатата година, со незаменливи подароци коисите генерации со нетрпение
ги очекуваат. Со цел да се заокружи новогодишната еуфорија, компанијата Xiaomi
подготви специјална новогодишна промоција за да можете да ги задоволите вашите
најблиски, но и себе си со феноменални подароци!
Некои од нив се секако Redmi паметните телефони и таблети. Имено, во периодот од 12
декември до 8 јануари, некои од најпопуларните уреди од оваа серија која се
карактеризира со совршен дизајн, моќен систем на камера, но и одлични батерии и брзо
полнење, можете да ги купите на попуст.. Искористете ја можноста и купете ги најновите
модели од оваа серија, Redmi Note 11S, верзија 6+128GB и Redmi Note 11, верзија
4+128GB, по одлични цени - 14.999 денари, односно 12.999 денари. Тука е и Redmi 10C
кој можете да го најдете во две варијанти - за меморија од 4+64GB периодов ќе
потрошите 8.222 денари, а за 4+128GB 8.999 денари. Во понудата е и Redmi 9A, кој сега е
намален на 6.499 денари.
 
Покрај телефоните по намалени цени, од оваа серија на популарниот технолошки бренд
Xiaomi, можете да ги најдете и најновите таблети.. Станува збор за Redmi Pad во
варијанта 3+64GB чија намалена цена е 13.499 денари, додека варијантата 4+128GB ќе
ве чини 14.499 денари. Овие таблети имаат 10,61-инчен дисплеј без рамка со брзина на
освежување од 90 Hz, кој нуди извонредна аудио и видео забава. Тие имаат и сертификат
TÜV Rheinland за помал замор на очите, но исто така е првиот таблет во светот кој добил
SGS сертификат во истата област.
За време на оваа промоција, во продажба има и одлични производи кои ќе внесат забава
во вашето секојдневие. Паметните часовници и паметните нараквици, производи кои се
идеални за секој кој бара совршен уред што ќе им помогне во нивните обврски, без
разлика дали се работи за деловни или приватни,. . Ова се следните модели кои се на
намалување: Xiaomi Watch S1, Xiaomi Watch S1 Active, Mi watch 2 Lite, Redmi Smart Band
Pro.
По намалени цени, можете да ги најдете и слушалките Mi In-Ear Headphones Basic, Redmi
Buds 3, Xiaomi Buds 3T Pro, Mi True Wireless Earphones и Mi True Wireless Earphones 2 Pro
кои се идеален подарок за секој кој сака одличен звук. А за вистинските љубители на
добриот звук, тука е и звучникот Mi Compact Bluetooth.
Празниците се ближат, а одличните уреди од портфолиото на Xiaomi можат да бидат
одличен подарок за секого. Не ја пропуштајте фантастичната понуда, а во периодот од 12
декември до 8 јануари, пронајдете ги овие фантастични уреди во Xiaomi продавницата на
во ГТЦ приземје како и во Mi зоната во Веро Џамбо, но и к и кај партнерите: Setec, Anhoch
и Техномаркет.
Најдете повеќе информации на линкот: