Samsung планира нов тип на леќи за оптички зум кај Galaxy S24

Објавено на 29.12.2022 во Android



Samsung планира нов тип на леќи за оптички зум кај Galaxy S24

Samsung најверојатно ќе има нов систем за зумирање со камерата кај Galaxy S24, открива Ice Universe на Twitter. Според него, Samsung во 2024 година ќе има солидни промени кај телефото камерата, со нов сензор и ново решение. 

Ice Universe тврди дека Samsung планира да дизајнира нов сензор со друг вид на леќи, се заедно. LG Innotek претходно најави нови преклопни леќи, кои што му овозможуваат на оптичкиот зум од 4x-9x опсег на зум, без агуба од оптичкиот квалитет на сликата. Samsung го планира новитетот кај Galaxy S24 серијата, резервирана за 2024 година.