TikTok баниран за владините уреди на Канзас, следуваат заострени мерки

Објавено на 29.12.2022 во Новости



TikTok баниран за владините уреди на Канзас, следуваат заострени мерки

TikTok се смета како небезбедна социјална мрежа во Америка, затоа и првиот чекор е направен. TikTok наводно шпионирал новинари, па затоа официјални лица од американската влада започнаа строги мерки против популарната апликација.

TikTok прво беше баниран од US House of Representatives, а сега апликацијата ќе исчезне и од владините уреди на државата Канзас. Гувернерката на Канзас, Лора Кели, најави забрана за TikTok за владините уреди, поради грижа за националната безбедност и откривањето на информации. Кели потенцира дека TikTok би можел да ги предава личните податоци на корисниците до Кинеската комунистичка партија.