Илон Маск после падот на акциите на Tesla: „Не грижете се“

Објавено на 30.12.2022 во Електричен погон



Илон Маск после падот на акциите на Tesla: „Не грижете се“

Помина една година откако Tesla ја проби границата од милијарда долари вредност на пазарот. Тогаш беше рамо до рамо со Apple, Microsoft, Alphabet и други. Веднаш потоа, следуваше голем пад на цената на акциите. 

2022 година, компанијата е во минус од 70%. Во превод, цената на една акција пред една година беше над 400 долари, а сега е 120 долари. Сите ја обвинуваат авантурата на Илон Маск со Twitter. Ова ги загрижило и вработените во Tesla. Илон Маск затоа им дал сугестија на вработените преку мејл, дека нема потреба од загриженост, затоа што тој верува дека долгорочно Tesla по својата пазарна вредност ќе биде највредната компанија на светот. 

Автор: Aleksandar Stankov