LG ќе ги открие најновите преклопни OLED дисплеи за CES 2023

Објавено на 04.01.2023 во Новости



LG ќе ги открие најновите преклопни OLED дисплеи за CES 2023

LG најави дека ја открива најновата линија на дисплеи на CES 2023. Меѓу футуристичките дисплеи што ќе бидат претставени, ќе има и решенија за автомобилски дисплеј и OLED дисплеите што се преклопуваат. 

8-инчениот 360-степенски преклопен OLED дисплеј, произведен од LG Display е со нова развиена технологија, која што овозможува на уредот да се преклопи во две насоки, овозможувајќи им на корисниците да изберат различни фактори, во зависност од задачата што била изведена на телефонот. Конструкцијата на модулот овозможува тој да ја задржи неговата истрајност, откако би се преклопил 200,000 пати и неговиот иновативен преклопен механизам.

LG ќе открие 17-инчен преклопен OLED дисплеј, кој што ќе може да се преклоп и расклопи на половина, со цел да се претвори во таблет или пренослив монитор. Овој дисплеј би бил за 2-во-1 уреди, кои што служат како лаптоп, а потоа се претвараат во таблет или пренослив монитор.