Адутот во ракавот на Samsung за CES 2023 е иновативниот Flex Hybrid

Објавено на 05.01.2023 во Преклопни уреди



Адутот во ракавот на Samsung за CES 2023 е иновативниот Flex Hybrid

За време на CES 2023, Samsung ќе го претстави новиот концепт Flex Hybrid, лизгачки-преклопен концепт на смартфон. Концептот на Flex Hybrid има променлива големина на екранот, која што со отварањето на преклопниот дел, добиваме 10,5 инчен екран. Samsung додал и нешто плус - можноста за екранот со дополнителен клизачки механизам да се прошири на дури 12,4 инчи. Освен промената на големината на екранот, прототипот на Samsung има променлива големина на сликата - 4:3 и 16:10.

Flex Hybrid е само концепт, но тоа е јасен показател дека Samsung има визија за развојот на склопувачките мобилни и таблети за во иднина. Flex Hybrid е еден од концептуалните модели на екрани, што Samsung планира да ги претстави за време на CES. Има и 17-инчен лизгачки екран, кој првично беше претставен во септември 2022 година, и концептот на кокпит, наменет за самостојните возила