Еве како изгледа такси превоз со автономно возило без возач

Објавено на 09.01.2023 во Електричен погон



Еве како изгледа такси превоз со автономно возило без возач

Го повикувате таксито и кога ќе пристигне, до вратата позади имате дисплеј со броеви. Потоа го внесувате кодот што ви е даден кога сте го повикале возилото и така ви се отвара вратата.

Му давате посакувана локација и веднаш си ја гледа работата. Возилото внимателно застанува, тргнува и врти, исто како да има човек, но на седиштето нема никого. Ова е иднината со автономните такси возила, кои што се уште не се тотално испитани и во моментот се препорачува да има возач зад воланот. Што велите, би пробале ли ваков превоз во моментот?