Постот на Твитер добива поголем простор, до 4.000 букви и тивок лајк

Објавено на 10.01.2023 во Новости



Постот на Твитер добива поголем простор, до 4.000 букви и тивок лајк

Твитер добива новитети од следниот месец, ќе има опција за лизгање меѓу препорачани твитови и оние што ги следите. Добиваме функција за одбележување на постови што ќе функционира како копче за „тивок лајк“. Од следниот месец ќе можеме да твитаме до 4.000 букви во еден пост, кои што досега беа дозволени до 280.

Илон Маск е сега извршниот директор на социјалната мрежа, кој се труди да направи промени и да привлече и да го зголеми бројот на корисници на Твитер. Долгите твитови „ќе го добијат истиот простор на екранот на временската линија како и другите твитови, но ќе можете да кликнете за повеќе“, вели тој.