Apple спрема екран на допир за MacBook Pro

Објавено на 13.01.2023 во iOs



Apple спрема екран на допир за MacBook Pro

Во времето на Стив Џобс, Apple помина многу тестирања за екран за лаптоп, чувствителен на допир. Резултатите беа лоши. Технологијата оттогаш се промени, а екраните чувствителни на допир можеме да ги најдеме кај многу лаптопи во моментот.

Според најновите информации, наскоро такви екрани ќе пристигнат и на Mac компјутерите. Првиот компјутер со таков екран ќе биде MacBook Pro, но тоа нема да биде многу скоро. Таквиот модел ќе излезе дури во 2025 година.