Samsung би можел да ја зголеми цената на еден од Galaxy S23 моделите

Објавено на 15.01.2023 во Новости



Samsung би можел да ја зголеми цената на еден од Galaxy S23 моделите

Samsung го потврди настанот за 1 февруари, на кој што ќе ја открие новата Galaxy S23 серија. Извештаите тврдат дека Samsung би можел да ја дигне цената на еден од моделите од следната S-серија. Продажбата со Galaxy S22 наводно е послаба од очекуваната и покрај тоа што Samsung се соочил со зголемени трошоци. 

Има информација од Кореја дека цената на Galaxy S23 Ultra би можела да се качи од 10 до 20%, во споредба со минатата година. Цените наводно остануваат исти кај Galaxy S23 и Galaxy S23 Plus