Излезе нов видео концепт со iPhone 15 Pro Max или Ultra

Објавено на 18.01.2023 во iOs



Излезе нов видео концепт со iPhone 15 Pro Max или Ultra

Антонио Де Роса од ADR Studios креирал рендер со најдобриот од iPhone 15 серијата, кој ќе се вика iPhone 15 Pro Max или iPhone 15 Ultra. „Улогата на концепт дизајнерот е да ги пренесе сите шпекулации и претпоставки и да ги трансформира во нешто визуелно. Понекогаш, мислењето со своја глава може да ве ослободи“, вели Де Роса. 

Уметникот креирал потенок уред со 0.29 инчи дебелина, во споредба со дебелината од 0.31 инчи кај iPhone 14 Pro Max. iPhone 15 Pro Max/Ultra рендерот вклучува перископски леќи, кои што се преклопуваат внатре во телото на телефонот и ја одбива светлината од леќите од призмите до сензорот за слика.