Google тргна по стапките на Samsung и Apple, спрема нешто интересно

Објавено на 18.01.2023 во Android



Google тргна по стапките на Samsung и Apple, спрема нешто интересно

Google се повеќе се фокусира на хардверот, така што за оваа година не се очекуваат само новите Pixel телефони, туку и првите преклопни смартфони и таблети на Google. Новитетот на Google се однесува на локациски уреди, кои што се поставуваат со телефонот, паричникот чантата или клучевите.

Ако во секој случај, некој ви украде предмет, лесно ќе можете да го најдете. Во случај на губење, овие уреди испраќаат сигнали за барање и приватните идентификатори, кои што може да ги фатат преку следењето на локацијата. Во случај, уредот што сакате да го пронајдете е близу до вас, а не можете да го пронајдете, доволно е да го активирате звучниот сигнал, со цел полесно да го пронајдете. 

Сега се зборува дека Google има свој локациски уред со кодно име “Grogu”, “Groguaudio”, односно “GR10”. Се разбира, името на уредот нема да биде таков кога ќе биде претставен.