LG ќе биде од голема важност за Apple Watch во 2024

Објавено на 20.01.2023 во iOs



LG ќе биде од голема важност за Apple Watch во 2024

Веќе протекуваат информации за следните Apple Watch модели. Втората генерација на премиум Apple Watch Ultra пристигнува во 2023 или 2024 година, со 2.1-инчен micro-LED дисплеј, кој што е поголем од моменталниот 1.92-инчен екран. Ликстерот Рос Јанг тврди дека LG ќе игра клучна улога за смарт часовниците на Apple во 2024.

Apple Watch 11 серијата во 2025 година, обичните модели без Ultra ќе бидат со micro-LED екрани исто како и Ultra моделот. Сите Apple Watch 2022 модели (8 серија и Ultra) се со LTPO OLED дисплеј, додека Micro-LED дисплеите се со екстремно мали диоди за емитување на светлина, со големина до 0.002 инчи. Таквите екрани имаат потемни црни и посветли и поточни бои, подобар контраст, без страв од burn-in ефект, што моментално го има овој проблем кај OLED и LCD дисплеите.