Со бегството на Apple од Кина, сите iPhone-и ќе се прават во Индија до 2027

Објавено на 20.01.2023 во iOs



Со бегството на Apple од Кина, сите iPhone-и ќе се прават во Индија до 2027

South China Morning Post (SCMP) соопштува дека најголемиот производител на Apple - Foxconn, веќе ги финализирал плановите за да помести некои iPad и MacBook производи од Кина во Виетнам. Не е повеќе тајна дека Apple веќе „умира“ за да го премести производството на сите свои производи надвор од Кина. 

Овој потег беше предмет на расправа уште од 2019 година, кога САД воспостави тарифа за одредени производи увезени од Кина. Кина се уште е клучниот пазар на Apple како што годишниот раст на iPhone испораката изнесуваше 36% за време на третиот квартал во споредба со тамошните конкуренти Xiaomi и Oppo.