Извршниот директор на Нетфликс се повлекува од функцијата

Објавено на 21.01.2023 во Новости



Извршниот директор на Нетфликс се повлекува од функцијата

Ко-основачот на Нетфликс, Рид Хестингс, во четвртокот објави дека официјално се повлекува од функцијата извршен директор, после 25 години. Ова е крајот на една ера за Нетфликс, која што го уништи брендот Blockbuster со видео продавници и направи револуција во ТВ содржините.

Благодарение на апликацијата Нетфликс, сега имаме многу филмски содржини, кои што можеме да ги гледаме кога ќе посакаме. Тој беше првиот што се издигна, кој подоцна доби конкуренција од Disney+, HBO Max, а сега сакаат да конкурираат TikTok и YouTube.