Вложила 35 илјади евра во криптовалути и останала со празен дигитален паричник

Објавено на 23.01.2023 во Крипто



Вложила 35 илјади евра во криптовалути и останала со празен дигитален паричник

46-годишна жена од Словенија е измамена и на тој начин и се изнудени 35 илјади евра, кои во повеќе наврати од својата сметка преку интернет извршувала парични трансакции во компанија што се занимава со тргување со криптовалути.

На крај излегува дека компанијата е голема измама, а полицијата објави официјално дека е утврдено дека жената од Словенија е жртва на компјутерска измама. Таа извршила неколку трансакции на нејзиниот тнр. „bitcoin паричник“, чии податоци ги добила од компаниите што се занимаваат со тргување со криптовалути. Дигиталниот паричник на жената останал празен и покрај тоа што вложила 35 илјади евра.