Samsung Galaxy S23 серијата со најава во 3D проекција
Објавено на 26.01.2023 во Новости
Samsung Unpacked евентот полека се приближува. Samsung Italia објави реклама со 3D проекција-најава на Galaxy S23 серијата. На 1 февруари е официјалната најава на новите Samsung смартфони, а на 17 февруари официјално излегуваат на пазарот.
Во Милано, Италија, компанијата објавила фантастична 3D проекција, која што ја промовира камерата на новите телефони, Space Zoom и Night Mode. Сите три телефони ќе бидат оверклокувани со Qualcomm Snapdragon 8 Gen2 процесор, а најмоќните X-3 CPU јадра ќе бидат со 3.32GHz, заедно со послабите од 3.2GHz. Новиот сензор ќе биде ISOCELL HP2, кој беше неодамна откриен од Samsung.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.