Vivo X90 се лансира глобално следната недела

Објавено на 28.01.2023 во Новости



Vivo X90 се лансира глобално следната недела

Vivo ја лансира најновата линија глобално - Vivo X90 серијата, која е веќе лансирана во Кина од ноември. Новите модели излегуваат официјално на 3 февруари, кои ќе бидат достапни во Индија, Европа и Блискиот исток. 

Vivo X90 Pro располага со 50MP главна камера со 1-инчен IMX989 сензор, ултра-широка камера од 12MP и 50MP 2x телефото сензор, MediaTek Dimensity 9200 процесор, 256GB-512GB внатрешна меморија и 8-12GB RAM меморија. Екранот има големина од 6.78 инчи, 120Hz OLED дисплеј со резолуција од 2,800 x 1,260, пиксели и 4,870mAh батерија. 

Vivo X90 Plus ќе биде со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, со повисока резолуција 3200 x 1440 пиксели, телефото камера од 64MP со 3.5x зум и 42MP ултра-широка камера.