Сакаат нов iPhone 8, но не за цена од над 1000 долари

Објавено на 12.08.2017 во Новости



 Сакаат нов iPhone 8, но не за цена од над 1000 долари

Според анкетата на Barclay само 11% од корисниците би дале 1000 долари или повеќе за да купат нов iPhone. Инаку досегашните истражувања покажаа дека над 75% од досегашните корисници на iPhone се спремни да го купат новиот модел, но тогаш не беше познато дека следниот модел iPhone 8 ќе биде најмоќен, но и најскап досега со цена од над 1000 долари без склучен договор. 

Ова не треба да биде голем проблем за Apple бидејќи претежно продажбата на iPhone оди преку мобилните оператори со склучување на годишни договори, а добар дел од премиум сегментот на интернационалниот пазар не жали пари за новата мобилна играчка. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}