Голем пад на продажбата на смартфони во Кина и на глобално ниво

Објавено на 31.01.2023 во Новости



Голем пад на продажбата на смартфони во Кина и на глобално ниво

Минатата година во Кина се испорачани 286 милиони смартфони, што е за 13% помалку од 2021 година, тврди IDC. Од агенцијата тврдат дека ова е најнизок обем на продажба од 2013 година.

Најмногу смартфони во 2022 година продал Vivo, што е за четвртина помалку од 2021 година, анализираат од IDC. Неговиот пазарен удел изнесувал 18,6%. На второ место е Honor, кој во 2022 година испорачал за 34% повеќе смартфони од 2021. Apple е на трето место, кој продал за 4,4% помалку смартфони отколку во 2021 година. 

Падот на продажба на телефони во Кина влијае врз глобалната крвна слика на продажбата на смартфони. Во 2022 година се испорачани 1,2 милијарди смартфони, што е за 11% помалку отколку во 2021 година и најмалку од 2013 година. велат од IDC.