Опадна интересот за Snapchat Spectacles

Објавено на 12.08.2017 во Новости



Опадна интересот за Snapchat Spectacles

Snapchat Spectacles смарт очилата на компанијата Snap пред една година беа најавени со голем ентузијазам и очекувања голем број на корисници да ги купат со цел да креираат слики со вградената камера која дава уникатен поглед и потоа да ги споделуваат на Snapchat апликацијата.

Сепак, според финансиските извештаи на Snap Inc за вториот квартал од годинава се открива дека продажбата на Snapchat Spectacles паднала за дури 35% и продадени се само 41.500 примероци од очилата. 

За кревање на продажбата Snapchat реши Spectacles камера очилата да ги продава и преку сајтот за онлајн трговија Amazon, но резултатите треба допрва да се видат.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}