Huawei ќе не изненади подоцна оваа година со свој чипсет

Објавено на 01.02.2023 во Новости



Huawei ќе не изненади подоцна оваа година со свој чипсет

Како што веќе знаеме, Huawei има забрана за проширување на својот чип, ограничувајќи се со само 4G-Qualcomm Snapdragon чипови. Huawei веќе купи доволно чипови за да ја покрие следната P60 серија и Mate 60 серијата. Од друга страна, имаше информации дека Huawei имал многу чипови со 12нм и 14нм процес на производство.

Пред САД да му стави забрана на Huawei, компанијата дизајнираше сопствени Huawei Kirin чипови, кои што се произведуваа од TSMC. Huawei стана вториот најголем снабдувач на чипови веднаш после Apple. Доколку Huawei ги примени своите чипови со 12нм и 14нм процес на производство, тогаш новите телефони на Huawei би можеле да станат неспоредливо бавни во споредба со новите телефони на Samsung, произведени со 5нм, 4нм и 3нм процес на производство.