Samsung Galaxy S23 Ultra е најсјајната ѕвезда во Галаксијата на Samsung

Објавено на 02.02.2023 во Новости



Samsung Galaxy S23 Ultra е најсјајната ѕвезда во Галаксијата на Samsung

Новата S23 се состои од Samsung Galaxy S23, Samsung Galaxy S23+ и Samsung Galaxy S23 Ultra. Ultra е најголемиот и најмоќниот уред, а Samsung со право смета дека станува збор за најблескавата ѕвезда во нивната галаксија.

Galaxy S23 Ultra има 6,8-инчен QHD+Edge Dynamic AMOLED со фреквенција од 120Hz, што го прави најголемиот уред на Samsung досега. Од Samsung се посебно горди на функцијата Enhanced Comfort, која што им овозможува на корисниците прилагодување на тонови на боите и контрастот, со цел да го намалат оптеретувањето на очите, а Vision Booster би требало да помогне во намалувањето на светлината од екранот на дневна светлина.

За производството на S23 Ultra се применети користени рециклирани материјали, како што се рециклирани рибарски мрежи, пластични шишиња и стакло. Samsung истакнува дека пакувањето на уредот е целосно рециклирачко. Ultra доаѓа со препознатливиот дизајн од четири камери на задната страна - 200MP широко-аголна, 12MP ултра широко-аголна и две телефото камери од 10MP, од кои едната е со 3x, а другата со 10x оптички зум. Од предната страна скриена под екранот, се наоѓа 12MP селфи камерата.