Sony PS VR2: Скап додаток за PlayStation, или прозорец кон иднината на видео игрите?

Објавено на 02.02.2023 во Игри



Sony PS VR2: Скап додаток за PlayStation, или прозорец кон иднината на видео игрите?

Наскоро на пазарто излегува новата генерација на Sony VR уредот за PlayStation 5, од кој што го јапонската компанија имаат големи очекувања. PS VR2 официјално е претставен кон крајот на минатата година и поскап е не само од претходната генерација на PSVR, туку и од самиот PlayStation 5 и неговата цена изнесува 550 долари. 

Се разбира, со самиот уред потребно е да купите и дополнителни игри, па така ако на пример сакате да ја играте Horizon: Call of the Mountain, на таа цифра треба да додадете уште 50 долари. Со оглед на тоа што некои сметаат дека со една видео игра ќе играме директно во виртуелна реалност, PS VR2 ви овозможува поглед кон иднината на гејмерскиот пазар.

Изгледа дека гејмерите не се многу заинтересирани за таквата иднина. Имено, Sony наводно не се задоволни со преднарачките за PS VR2 и веќе е намален бројот на нарачани уреди за половина. Аналитичарите сметаат дека тоа не е изненадување, затоа што со цена од 550 долари, тоа нема да биде ништо повеќе од еден скап додаток за PlayStation 5.