Коцкањето на Tesla со bitcoin, не се исплатеше

Објавено на 03.02.2023 во Крипто



Коцкањето на Tesla со bitcoin, не се исплатеше

Според најновите податоци, Tesla во 2022 година имала загуба од 140 милиони долари од своите вложувања во bitcoin. Американското регулаторно тело пријавило вкупна загуба од 204 милиони долари на bitcoin, но и дека со тргувањето со таа криптовалута, успеале да се вратат 64 милиони долари.

Tesla на почетокот на 2021 година вложила 1,5 милијарди долари во bitcoin, а шефот Илон Маск тогаш објавил дека bitcoin се прифаќа како средство за плаќање за нивните автомобили. Само неколку недели подоцна Маск повторно ја свртел приказната, а Tesla оттогаш продала повеќе од купениот bitcoin. Моментално има bitcoin во вредност од околу 184 милиони долари.