Ultra верзијата ќе пристигне со iPhone 16 серијата и ќе се поврзува исклучиво безжично

Објавено на 06.02.2023 во iOs



Ultra верзијата ќе пристигне со iPhone 16 серијата и ќе се поврзува исклучиво безжично

Марк Гурман тврди дека Apple iPhone 15 Ultra можеме да го очекуваме во најбрзо време дури следната година, септември 2024 година и ќе се продава во рамките на iPhone 16 серијата. Apple прво размислувале за Ultra моделот, кој што ќе го замени моделот Pro Max, но се чини дека во меѓувреме го промениле мислењето, а Ultra ќе се продава заедно со моделите Pro и Pro Max, при што тој ќе биде најмоќниот уред во понудата, а со тоа и најскап. 

Се уште нема слики како би изгледал официјално овој уред, за што размислуваат и во самиот Apple. Тим Кук изјави неодамна дека iPhone е толку важен и интегрален дел од човечките животи, што се спремни да платат колку што треба со цел да го добијат најдобриот уред во оваа категорија. 

Од Ultra моделот се очекува уште поголем екран во споредба со Pro Max, помоќен процесор и подобри камери. Постои можност целосно да го отфрли влезот за полнење, коментира Гурман. Таквиот iPhone со безжично полнење ги отфрла фактички сите можни физички приклучоци и се ориентира само со безжично поврзување во секој смисол.