Продажбата во Q4 докажува дека корисниците плаќаат за иновации

Објавено на 06.02.2023 во iOs



Продажбата во Q4 докажува дека корисниците плаќаат за иновации

Аналитичката компанијата Kantar открива дека во четвртото тримесечје од 2022 година, пазарот со iOS смартфони демонстрирал раст на глобално ниво: САД, Европа, Австралија и Азија. Повеќе информации за успехот на iPhone Pro во прилог на табелата. 

Kantar става акцент на планот на Apple, кој што прави разлика меѓу Pro и не-Pro моделите, Apple дал на корисниците силни стимуланси за купување на премиум уреди: iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Истражувањето тврди: „Во индустрија каде што корисниците се гладни за иновации, доказ за успехот на Pro моделите се она за што се спремни да платат“. 

Автор: Aleksandar Stankov