Што да очекуваме од новиот ѕвер OnePlus 11, денеска официјално излегува

Објавено на 07.02.2023 во Android



Што да очекуваме од новиот ѕвер OnePlus 11, денеска официјално излегува

OnePlus 11 е еден од првите смартфони што излегуваат во 2023 година, после Galaxy S23 серијата. Уредот е веќе лансиран во Кина со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, што го прави еден од најдобрите на пазарот. Денес официјално излегува OnePlus 11, со 6.7 инчен OLED дисплеј со 120Hz, главен сензор од 50MP, ултра-широк сензор од 48MP и 32MP телефото сензор.

Snapdragon 8 Gen 2 процесорот ќе биде со 16GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија, или пак со поевтина верзија од 8GB + 128GB меморија. OnePlus 11 ќе биде со 5000mAh батерија и ќе полни 100W брзо полнење. Неговата цена би требало да биде околу $900. Излегува и OnePlus Tab таблетот, кој ќе биде сличен на Oppo Pad. Настанот започнува за 3 часа и ќе може да го следите на видеото одоздола во живо:

Ќе бидат лансирани OnePlus Buds Pro 2, наследниците на OnePlus earbuds од 2021 година, со големи надградби, Spatial Audio и подобрена noise cancellation технологија, со почетна цена од $150. Излегува и OnePlus 11R, кој нема да го има на нашиот пазар веројатно, а ќе има и нов OxygenOS кориснички интерфејс, на база на Android софтвер.

Автор: Aleksandar Stankov