Poco официјално ги претстави X5 Pro 5G и X5 5G

Објавено на 07.02.2023 во Новости



Poco официјално ги претстави X5 Pro 5G и X5 5G

Poco ги претстави X5 Pro 5G и X5 5G. POCO X5 Pro 5G е создаден за креаторите на дигитална содржина, млади луѓе што сакаат брзина, стабилност, компактност и атрактивен уред. Верувам дека ова е најдобриот мобилен во ценовен ранг до 300 долари, вели Ангус Нг, лидерот за маркетинг и развој на работењето во Poco Global.

Со врвен екран, батерија и перформанси, уредот нуди најдобро корисничко искуство за смартфон во ранг до 200 долари, додава тој, мислејќи на Poco X5 5G. Poco X5 Pro 5G доаѓа со 6,6-инчен Flow AMOLED екран од 120Hz, PWM технологија за пригушување, т.е. појачување на светлината на екранот во зависност од амбиентот, Snapdragon 778G 5G процесор со TSMC од 6нм, 108MP сензор, батерија од 5000mAh. Poco X5 5G ја има истата батерија, 6,67-инчен AMOLED екран од 120Hz, Snapdragon 695 процесор, 8GB RAM + 256GB ROM меморија. 

Poco X5 Pro 5G го има во црна, сина и жолта боја, со цена од 379 евра, додека Poco X5 5G ќе биде достапен во зелена, сина и црна боја, со цена од 309 евра.