OnePlus 11 може да се нарача со екстра добивка

Објавено на 08.02.2023 во Новости



OnePlus 11 може да се нарача со екстра добивка

OnePlus 11 5G интернационалното лансирање се случува денес и може да го купите најновиот телефон директно од веб страницата на OnePlus. Компанијата има програма со која што може да заштедите и до 500 долари, во зависност од состојбата и моделот што го поседувате.

Ако сакате да заштедите при купувањето на OnePlus 11 5G, имате специјални кодови за попуст:

    10% попуст за нарачки над $900 (Користете го кодот: PHAE3)
    8% попуст за нарачки над $800 (Користете го кодот: PHAE2)
    3% попуст за нарачки над $700 (Користете го кодот: PHAE1)

Ако извршите преднарачка за OnePlus 11 5G 256 GB со новите OnePlus Buds Pro 2, може да заштедите 100 долари. 

OnePlus 11 5G доаѓа во две верзии со меморија од 128GB и 256GB. 128GB моделот е со UFS 3.1 меморија и 8GB LPDDR5X RAM меморија, а 256GB моделот е со UFS 4.0 чип, што значи двојно побрзо вчитување на меморијата. Плус, RAM меморијата оди и до 16GB LPDDR5X. 

Автор: Aleksandar Stankov