Facebook има друга апликација во Кина, идентична како Moments

Објавено на 16.08.2017 во Новости



Facebook има друга апликација во Кина, идентична како Moments

Facebook го блокираше Кина во 2009 година, но од неодамна се овозможени поединечни услуги на WhatsApp. Марк Цукерберг веќе со години е во преговори и развивање на добри односи со кинеските политичари, со цел да покаже дека навистина има добри намери и сака да влезе на кинескиот пазар. Се разбира, морал да покаже нешто повеќе со тоа што го научил мандаринскиот јазик.

Новинарот Пол Мозур од Њујорк Тајмс неодамна ја забележал апликацијата Colorful Balloons во кинеската Apple Store, која е речиси идентична со Moments, апликацијата на Facebook за споделување на фотографии. Првата помисла била дека станува збор за лажна компанија, но кога поубаво ја разгледал фотографијата на апликацијата, ја видел жената што присуствувала на состанокот со претставници од Facebook и кинеската влада. Сигурни сме дека се работи за апликација на Facebook што функционира во строга тајност на кинескиот пазар. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}