Qualcomm го претстави новиот Snapdragon X35 чип за евтини уреди

Објавено на 09.02.2023 во Новости



Qualcomm го претстави новиот Snapdragon X35 чип за евтини уреди

Qualcomm го претстави новиот 5G модем, наменет за евтини уреди со помал формат. Тоа ќе овозможи развој и примена на IoT во нови области. Snapdragon X35 5G Modem-RF System е компатибилен со NR-Light или намалена способност (RedCap), стандард 3GPP Release-17. 

Новиот процесор има нова 5G класа, која ја премостува празнината во сложениот процес меѓу брзите мобилни широко-појасни уреди и NB-IOT. NR-Light уредите може да бидат мали, исплатливи и да овозможат долготрајна батерија, благодарение на тоа што имаат едноставни системи и не се комплицирани. 

Чипот овозможува брзина на пренос на податоци до 220Mb/s и поради својата големина е соодветен за уреди како што се надзорните камери, IoT, носечки уреди или индустриски сензори. Snapdragon X35 е чип со најниска потрошувачка на енергија што е досега произведен, велат од Qualcomm. Тој е компатибилен со сите појаси на спектар до 6GHz, FDD и TDD појаси. Се очекува Snapdragon X35 и X32 да се најде во комерцијалните уреди во првата половина на 2024 година.