Huawei за Mate 10 - Уред кој вреди да се чека

Објавено на 16.08.2017 во Новости



Huawei за Mate 10 - Уред кој вреди да се чека

Huawei го објави првиот тизер за претстојниот смартфон Mate 10 за кој едноставно кажа „запознајте го уредот кој вреди да се чека“. 

Овој слоган има голема логика бидејќи Huawei Mate 10 ќе биде официјално претставен на 16 октомври во Минхен, а дотогаш веќе сите поголеми смартфони како Samsung Galaxy Note 8, iPhone 8 и LG V30 ќе бидат промовирани пред јавноста.

Huawei Mate 10 треба да донесе нов EntireView дисплеј со целосна искористеност на предната површина и Quad HD резолуција, моќен осум-јадрен Kirin 970 процесор, 6 GB RAM, дуо камера и Android 7.1 Nougat оперативен систем.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}