Netflix ја проширува забраната за споделување на лозинки на повеќе земји

Објавено на 10.02.2023 во Новости



Netflix ја проширува забраната за споделување на лозинки на повеќе земји

После официјалната најава за стопирање на споделување на лозинки со пријатели и семејството на различни локации, Netflix почна со промените во неколку земји: Латинска америка, Чиле, Костарика, Перу, Аргентина, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Доминиканската Република. 

Netflix најави и нови земји од следниот месец. Сега забраната настапува на сцена во: Канада, Нов Зеланд, Португалија и Шпанија. Ако живеете во некоја од овие земји, и го споделите вашиот профил со некој друг, ќе мора да платите екстра. Корисниците во овие земји прво ќе мора да ја сетираат нивната главна локација, што ќе им овозможи да ја користат претплатата само на таа адреса. 

За да може од друго место да се користи истиот Netflix профил, ќе биде возможно, со внесување на код. Со новите промени, ќе може да се доплати за да можат и други да го користат вашиот профил. Netflix има Стандарден и Премиум план. Еден профил во Канада чини 8 долари, 8 долари во Нов Зеланд, 4 евра во Португалија и 6 евра во Шпанија. 

Автор: Aleksandar Stankov