Батеријата на овој телефон може да се наполни за 10 минути

Објавено на 11.02.2023 во Новости



Батеријата на овој телефон може да се наполни за 10 минути

Realme го претстави телефонот GT Neo 5 со 240W поддршка за брзо полнење. Се работи за рекордер во брзо полнење на батерија, која се полни за помалку од 10 минути. 

Доволно е само 30 секунди полнење за да може да се разговара 2 или 3 часа, додека за 4 минути батеријата се полни до 50%. Во пакувањето телефонот доаѓа во пакет со 240W адаптер, имате 16GB + 256GB меморија, а има и верзија со 150W полнење, кој се продава со различни верзии на мемории: 8/12/16GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. 

Екранот е 6,74 инчи со фреквенција од 144Hz, Snapdragon 8 Gen 1 процесор, резолуција на главна камера од 50MP + 8MP широко-аголна камера и 2MP камера за снимање на макро фотографии. За сите љубители на селфи слики од предната страна се наоѓа 16MP камера. Почетна цена за полнење со 240W е околу 470 долари.

Автор: Aleksandar Stankov