Добри вести за креаторите што заработуваат преку Instagram

Објавено на 12.02.2023 во Новости



Добри вести за креаторите што заработуваат преку Instagram

Instagram за повеќето корисници е само обична социјална мрежа на која што се фалат со некое патување, но за дел од корисниците тоа е работа и буквално живеат од објавите на таа мрежа.

Instagram е во интерес да ги задржи корисниците и да им овозможи што е можно поголема заработка, со цел да не се свртат кон TikTok. Instagram кон крајот на 2022 година воведе опција Gifts за монетизација, преку која следбениците ќе може да купуваат виртуелни подароци од креаторите. На почетокот ова беше достапно само во САД, но сега ќе се прошири насекаде.
 
Подароците што се купуваат преку Instagram преку виртуелните валути Stars, мора да се платат со реални пари. Цената на таква ѕвездичка на Instagram изнесува од 0,99 долари за 45 ѕвездички, се до 5,99 долари за 300 парчиња од виртуелната валута на мрежата на Meta.