Huawei ги лансираше своите најлесни и најмали слушалки

Објавено на 13.02.2023 во Новости



Huawei ги лансираше своите најлесни и најмали слушалки

Huawei од година до година ги усовршува своите безжични слушалки, наслушнувајќи ги повратните коментари на корисниците. Така ги претставиле Huawei FreeBuds 5i, TWS слушалките што имаат одлични спецификации и прифатлива цена.

FreeBuds 5i имаат квалитетен звук, модерен дизајн, ANC технологија за активно поништување на бучава и EQ. Се разбира, слушалките може да се поврзуваат со повеќе уреди со различни оперативни системи. Huawei тврди дека слушалките имаат 28 часа автономија, или 7,5 часа во музика. Нивната цена изнесува 99 евра.