Oppo Find N2 Flip ќе биде глобално лансиран на 15 февруари

Објавено на 13.02.2023 во Преклопни уреди



Oppo Find N2 Flip ќе биде глобално лансиран на 15 февруари

Oppo Find N2 Flip е моделот со кој што компанијата одговара на Samsung Galaxy Z Flip 4, еден од најдобрите преклопни телефони во 2023. Новиот модел се очекува да дебитира официјално на глобално ниво на 15 февруари. 

Настанот официјално ќе се одржи во Лондон и ќе има стриминг во живо на официјалниот YouTube канал на Oppo. Се очекува Oppo Find N2 Flip да биде многу поевтин од Z Flip 4, но најверојатно ќе биде со послаби спецификации.

Автор: Aleksandar Stankov