TikTok ќе овозможи наплата на креаторите на видео записи
Објавено на 14.02.2023 во Новости
TikTok има добри вести за сите креатори што сакаат да заработуваат пари преку таа мрежа. Како што пренесуваат технолошките медиуми, компанијата сега спрема нови опции со кои што сака да го зголеми бројот на корисници и активноста со постоечките корисници, но и да овозможи дополнителна заработка.
Деталите се уште се непознати, но гласините велат дека наскоро креаторите на TikTok може да почнат со наплата за пристап кон видео записи што ги објавуваат. На Neowin се спомнува дека креаторите може да постават цена за поединечни видео записи, но не спомнуваат месечна претплата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.