Официјално претставен премиум моделот Nokia 8

Објавено на 18.08.2017 во Новости



Официјално претставен премиум моделот Nokia 8

Конечно дојде денот кога HMD Global конечно го презентираше официјално својот премиум смартфон Nokia 8, кој доаѓа со моќен Snapdragon 835 процесор, 4GB RAM меморија, 64GB меморија за лични податоци, влез за microSD картичка, двојна задна камера од 13MP и една предна селфи камера од 13MP.

Дизајнот на Nokia 8 е чисто алуминиумски, кој не е ниту тенок, ниту лесен. Интересна е опцијата што при пренос на видео во живо на YouTube или Facebook, може да се користи предната и задната камера истовремено, а екранот се дели на два дела, што во компанијата го нарекува "bothies".

Батеријата на телефонот има капацитет од 3090mAh, со поддршка за Qualcomm Quick Charge 3.0 стандард. Дисплејот има големина од 5,3 инчи и резолуција од 2560x1440 пиксели, Android (7.1.1) оперативен систем и цена од 599 евра. Компанијата соопшти и дека нема да прави софтверски надградби во иднина со Android, со цел да не се поремети работата на телефонот. Nokia 8 на европскиот пазар излегува во текот на наредниот месец. Што мислите за цената и понудата на HMD Global?

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}