Дејвид Гета ја гледа иднината на музиката со вештачката интелигенција

Објавено на 14.02.2023 во Новости



Дејвид Гета ја гледа иднината на музиката со вештачката интелигенција

Дејвид Гета е еден од најдобрите ДиЏеи во светот. Во интервју за BBC, Гета зборувал за еден од најголемите трендови во технолошката индустрија и неговото влијание врз иднината на музиката. Станува збор за вештачката интелигенција.

Многумина гледаат со песимизам кон AI и сметаат дека би можела да ја дехуманизира уметноста, па и музиката. Гета е оптимист и смета дека треба да се искористи оваа технологија. Тој додал AI-вокали во стилот на Еминем. „Треба само да ги внесете зборовите, а вештачката интелигенција ќе зборува како кого сакате“, возбудено вели Дејвид Гета. Погледнете го видеото на Twitter на овој линк. 

Автор: Aleksandar Stankov