Преклопниот Oppo Find N2 Flip излегува глобално на пазарот

Објавено на 15.02.2023 во Преклопни уреди



Преклопниот Oppo Find N2 Flip излегува глобално на пазарот

Oppo одлучи за првиот Find N2 Flip телефон во форма на школка и преклопен дисплеј, да има подобри шанси на пазарот од својот поголем и поскап Find N2 и го лансира глобално со цена како Samsung Galaxy Z Flip 4.

Преклопниот Oppo Find N2 Flip има огромен и употреблив надворешен екран и батерија. Find N2 Flip е изработен многу прецизно во дизајнот, дефинитивно е допадлив и има уникатен дизајн. Надворешниот дисплеј е со големина од 3.26-инчи, батерија со капацитет од 4.300mAh . Механизмот за отварање бил тестиран со 100 пати отварање и затварања дневно, во период од 10 години. 

Внатрешниот голем дисплеј изнесува 6.8-инчи со резолуција од 2520 x 1080 пиксели и 120Hz, максимална осветленост до 1600 нити. Под хауба има Dimensity 9000+ процесор, 8GB RAM + 256GB ROM батерија.